Зејнели избран за ректор на Универзитетот во Тетово

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Досегашниот декан на Правниот факултет, проф.д-р Јусуф Зејнели, е избран за ректор на Универзитетот во Тетово.

Од установата информираат дека со мнозинство гласови од академскиот кадар на 13 факултети, Јусуф Зејнели е избран за ректор.

-Право на глас имаа вкупно 334 членови на наставно-научните совети на факултетите. Во текот на гласањето, правото на глас го искористија 302 избирачи, при што кандидатот Јусуф Зејнели доби 260 гласа, кандидатот Башким Зибери 14 гласа, кандидатот Миќереме Руси 1 глас, кандидатот Дервиш Алими нула гласови и 27 гласови се неважечки, соопштија од Универзитетот во Тетово.

Согласно статутот, професорот Јусуф Зејнели е избран за ректор за следниот тригодишен мандат 2023-2026 година.

Слични содржини