Зекири бара санкционирање на поглаварот на ИВЗ, Реџепи и на владиката Агатангел

од desk2
90 прегледи

Пратеникот Мухамед Зекири постави пратеничко прашање до МВР зошто сите граѓани не се еднакви пред законот, барајќи да се санкционира однесувањето на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи и на владиката Агатангел.

Тој рече дека Реџепи се сликал со оружје во рацете, што може да се види на социјалните мрежи, а Агатангел, како што рече, ширел омраза и повикувал на крвопролевање.

-Никој нема да биде над законот, кога ќе се соберат сите докази, во таа насока ќе постапиме и ние, одговори заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.