Зеќири: Бараме специјални протоколи, свадби се прават во станови, дворови и барови

од Берта Китинска
377 прегледи

Баки Зеќири, претставник на сопствениците на ресторани за свадби во своето гостување во емисијатан „Економски магазин“, вели дека свадбените ресторани остануваат еден од секторите најпогодени од пандемијата и дека нивните апликации за работа до Владата не наидуваат на одговор.

„Како што сите знаеме, веќе една година престанавме да работиме во нашата професија, неколкупати ги доставувавме своите барања, но наидовме на глуво уво на Владата. Ние бараме прво да започнеме со работа. Нашата работа не е од денес за утре, потребно е време да се извршат подготовките. Бараме од владата да изготви специјални протоколи затоа што ние сме единствениот сектор што цела година сме погодени од пандемијата. А, свадбите не престанаа, ние цело време имаме свадби, свадби кои се одржуваат во станови, дворови и села.Зошто не е можно да се одржуваат свадби на маси со дијаметар од 2 метра, каде што може да се сместат 6 лица. Во рестораните кадешто се одржуваат свадби на црно, во ресторан од 50 квадратни метри или 100 квадратни метри со 70 гости, каде седат на маса со дијаметар од 50 см. по четири лица, не гледам зошто сме поопасни за Комисијата за заразни болести од нив, ние бараме да работиме според тие протоколи“, рече Баки Зеќири, претставник на сопственици на ресторани за свадби.

Слични содржини