292
„4 години поминаа, а и после 400 и навек идните генерации ќе се сеќаваат на СРАМНИОТ 27 април 2017 година“, објави генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири.
Според него, овој датум е „денот кога ВМРО ДПМНЕ посегна по демократијата и животите на пратениците во македонското Собрание“.
„За жал пред два дена не потсетија дека иако поминаа 4 години ништо не е сменето кај ВМРО ДПМНЕ.
Никогаш да не се повтори“, стои во објавата на Зекири на социјалните мрежи.