Потпреседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири во денешното гостување во 24 анализа изјави дека засега останува пратеник во Собранието и доколку биде избран за директор на фондот за сигурување, како што се спомнувало во медиумите, јавноста ќе биде известена.
На гласините од опозицијата дека е можно смена на власта со нови парламентарни избори, Зекири е категоричен дека тоа нема да се случи. Локални избори ќе има во октрмври 2021, но не и нови парламентарни.
-Мнозинството е стабилно и тоа ќе владее со земјата наредните 4 години и ќе ги исполни ветувањата. Екомонските мерки ќе се видат и ќе ги почувствуваат граѓаните. Покажавме и кога беше најтешко, дека може да се помогне на најранливите категории, изјави Зекири.
Во однос дали ќе имаат двотретинско мнозинство за потврдување на вонредните состојби од претседателот Пендаровски, Зекири смета дека тоа зависи од моментот кога ќе дојде на гласање и дека ги имаат нивните бројки и зависи од опозицијата дали ќе прифати аргументите. Тие ќе гласаат За.