Зекири за „Локално“: Шпекулации се информациите деа Алијанса влегува во Влада

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Портпаролот на Алијансата за Албанците, Арбен Зекири за „Локално“ изјави дека се шпекулации информациите кои претходно ги објави „ТВ Клан“, според кои партијата веќе влегла во Владата и дека ќе земе три министерства.

Според албанскиот медиум, Алијанса треба да ги добие министерствата за здравство, за образование и МЗШВ.

Веќе неколку недели во јавноста кружи темата за проширување на Владата и евентуалниот влез на АА во владиниот кабинет, но засега ништо конкретно.

Минатата недела Арбен Таравари и премиерот Димитар Ковачевски имаа средба, но по неа соопштија дека проширувањето на Владата не било предмет на дебата.

Н.П.

Слични содржини