275
Портпаролот на Алијансата за Албанците, Арбен Зекири за „Локално“ изјави дека се шпекулации информациите кои претходно ги објави „ТВ Клан“, според кои партијата веќе влегла во Владата и дека ќе земе три министерства.
Според албанскиот медиум, Алијанса треба да ги добие министерствата за здравство, за образование и МЗШВ.
Веќе неколку недели во јавноста кружи темата за проширување на Владата и евентуалниот влез на АА во владиниот кабинет, но засега ништо конкретно.
Минатата недела Арбен Таравари и премиерот Димитар Ковачевски имаа средба, но по неа соопштија дека проширувањето на Владата не било предмет на дебата.
Н.П.