Зеколи-Шаќири: Зградата на Централната пошта во Скопје наскоро повторно ќе биде во функција

од Илинка Илиоска
79 прегледи

Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, на Фејсбук, на албански јазик објави дека наскоро ќе се реновира главната зграда на Поштата во Скопје.

„Еден од најважните инфраструктурни објекти на градот, централната зграда на Пошта во Скопје, наскоро ќе биде повторно во функција. Овој објект, со посебно културно значење, е нераскинлив дел од идентитетот на главниот град и државата.

Поштенските услуги се од суштинско значење за граѓаните, додека реновирањето на оваа зграда овозможува не само зачувување на нашето наследство, туку и понатамошен развој на помошта.

Несомнено, нема да ги оставиме незаштитени и другите културни наследства во Северна Македонија. Ќе бараме и силна поддршка од Европската Унија за нашите амбициозни проекти, кои ќе придонесат за реализација на реновирање и заштита на објектите. За да го почитуваме културното значење, ќе се погрижиме заедно со ЕУ овој проект да се реализира со највисоки стандарди“, напиша Зеколи Шаќири.

Слични содржини