Одлуката на СДСМ да ги прекине преговорите е изнудена. Опозицијата не требаше воопшто да влез во дијалог со ВМРО ДПМНЕ, вели во интервју за Фактор, поранешниот македонски амбасадор Арсим Зеколи.

„Не станува збор за минирање на договорот од 2 јули, туку за смислена стратегија на ВМРО и ДУИ која уште од март целеше да се преживеат нападите од опозицијата“ оценува Зеколи. Според него , меѓународната заедница ја потценува кризата во Македонија која најверојатно по фијаското сега уште повеќе ќе се продлабочува.
„Втората половина на оваа година ќе биде опфатена со вистинската криза на многу полиња, но и со се помалку инструменти и можности за приближување на ставовите и наоѓање разрешница “ се проценките на поранешниот македонски дипломат во Виена .
За Зеколи, Брисел е веќе небитен во македонската приказна, меѓутоа тој се сомнева и во улогата на САД која е сериозно ставена пред предизвик.
„Со бришењето на евро-интегративната иднина на земјата, на Вашингтон им се одзема инструментот шаргарепа и им преостанува само инструментот стап, кој не сум сигурен дека се спремни да го употребат кон власта. Барем судејќи по тоа колку американски државјани имаат во оваа наводно “про-руска” влада. Затоа не ни очекувам некој позначаен исход и од најавената посета на Нуланд, сем колоритни изјави, филувани со ред-два критики колку за да се импресионира јавноста“.
Во интервјуто Зеколи “вината“ ја лоцира и кај Брисел и Вашингтон.
Целото интервју прочитајте го тука.