Зеколи:Растерување на медијско-политичките магли

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Ставовите на Американската и Германската Амбасада во Скопје поврзани со провокативните изјави од Москва се на место, навремени и прикладни. Посебно онаа на Германската Амбасада која мошне прецизно го свртува прстот кон суштината на прашањето и ги растерува медијско-политичките магли. Очекувано, француската амбасада молчи и се прави недоветна.

wallpapersflagoffrance4

Но, истите изјави се апсолутно недоволни за смирување на состојбите и потполно соголување на руските пропагандни подметнувања.

Молкот на САД и Германија кон вплетеноста на ДУИ и ДПА (како машички на ВМРО-ДПМНЕ) во Кумановските настани и зазирањето од прозивање на Муса Џафери и неговиот криминален Зајаз Клан (со чаирските мафијаши и конкубини), не само што ја иритира јавноста – посбено кај албанците – туку и потврдува дека кризата повторно може да ескалира со уште подраматична и потрагична жестина. Во отстаство на не само вербална реакција, туку конкретни санкции кон трите партии, и САД и Германија засигурно ќе ја изгубат битката со пропаганата од Кремљ.

Во склоп на тоа треба да се укаже на наводите од Фокус за вмешаноста на француските служби via пропагандни агенции и српската агентура во Кумановскиот масакр. Индикативен е молкот на Француската Амбасадорка добро позната како жесток бранител на криминалниот режим и шовинистичките кругови во земјата. А тоа е прашање кое САД и Германија треба да го отворат во некои други форуми и со прашање дали тоа француската дипломатија во Македонија спроведува некоја нова операција “Мистрал”, под западно знаме но според српско-руски интерес.

Пренебрегнувањето на таа вмешаност повторно може да им нанесе удар и ги дезавуира ставовите на САД и Германија, а по мерка на Руската Федерација. За почеток, би било доволно да се издејствува изолација на соработниците на француската “пропагандна агенција” од Мала Речица па се до Танушевци. Кои се сосема добро познати и на Американската, и на Германската и на дузина други западни амбасади.

Понатамашниот молк и толерирање на злосторствата на овие партии ги прави наведените амбасади н само неодговорни и соучесници во понатамошните збиднувања, туку и зајакнува позициите на руската пропагандна машинерија

П.С.

Како илустрација дека активностите на француската “пропагандна агенција” не се прекинати може да послужи и кампањата на “ишкање мува” водена од страна на Кланот Зајаз која во Македонија и Косово преку нарачани написи се обидува да наметне спин дека “предавството е направено од самите кумановчани,” а не од нарачателите.

Фејсбук статус на аналитичарот Арсим Зеколи