„Зелен хуман град “ и Петровска влегуваат во изборната трка

од Берта Китинска

За рекордни 6 дена, успеавме да собереме над 1000 потписи и за независната листа на советници за Град Скопје со Драгана Велковска и Горјан Јовановски  како носители, и за Ана Петровска како независна кандидатка за градоначалничка!, соопштија од Зелен хуман град.

-Фактот што за толку кратко време се собраа и повеќе од доволно потписи, ја покажува големата желба на скопјани да живееме во ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД. Огромна благодарност до сите вас за поддршката што ни ја дадовте, се гледаме на избори во октомври!Нашата партнерска листа за независен општински совет на Гази Баба, Зелените од Гази Баба сè уште собираат потписи! Ако си жител на таа општина, појди во ДИК Гази Баба, и дај ја својата поддршка за нив!, информираат од Зелен хуман град.

Слични содржини