Зелен Хуман Град: Индустријата преку законско решение во обид да си овозможи уште повеќе да гори отпад

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Деновиве кога Македонија се најде на врвот од најзагадени земји во светот, гледаме обид на индустријата да си овозможи уште повеќе да гори отпад и да ѝ се дозволи законски увоз на отпад за горење. Медиумите се преплавени со написи за менување на законот за индустријата да може слободно да увезува отпад за горење за да биде „поконкурентна“, споделија од Зелен Хуман Град.

„Спалувањето на отпадот е спротивно на концептот нула отпад. Тоа е штетен, загадувачки, скап и неефикасен процес кој ги заробува градовите во безизлезна ситуација со тоа што тие се принудени да произведуваат многу отпад за да го нахранат инцинераторот, поткопувајќи ги напорите за намалување на создавањето отпад или зголемување на стапките на рециклирање“, истакнуваат тие во својата објава.

Слични содржини