„Зелен пасош“: Кој ќе одбие да се вакцинира, не може да го користи јавниот превоз

од Nikola Popovski

На француските граѓани кои одбиваат да примат вакцина против коронавирус, им се заканува забрана за влез во јавниот превоз. Ова е само едно од ограничувањата предвидени со новиот предлог закон за воведување на контроверзниот „зелен пасош“ што ќе се најде пред парламентот, а опозицијата го нарекува здравствена диктатура.

Предлог-законот, поддржан од францускиот премиер Жан Кастекс, предлага оние што не можат да се покажат негативни за коронавирусот, или кои не биле вакцинирани, „да бидат забранети од одредени активности и пристап до јавен превоз или други локации“.

Опозицијата во Франција остро го осуди нацрт-законот, пред се партијата на Националното собрание (поранешен Национален фронт), чиј лидер е Марин Ле Пен.

Портпаролот на партијата Себастијан Шену ја обвини владата дека планира да воведе, како што рече, здравствена диктатура, додека Марин Ле Пен проценува дека предложените мерки во основа се тоталитарни.

Десноцентристичката Републиканска партија исто така верува дека „незамисливо е официјалните лица да ја преземат целата моќ да ги суспендираат слободите на луѓето без парламентарна контрола“.

Oбвинувањаta беа отфрлени од официјалните лица на партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, наведувајќи дека целта на законот не е воведување авторитарна здравствена држава.

Патем, неколку неодамнешни истражувања покажаа дека повеќе од 50 проценти од Французите немаат намера да се вакцинираат.

Слични содржини