484
Празничниот период значи и дека често на нашата трпеза ќе се најде храна која е калорична, масна и тешка и дека по некое време на телото ќе му биде потребен одмор од таквото темпо.
Ова зелено смути е направено во основа од спанаќ и банани, кои сигурно го зајакнуваат организмот, а со тоа помагаат во негово прочистување и враќање на енергијата.
Состојки:
2 банани
Сок од еден портокал
Еден цел излупен портокал
Две полни раце свеж спанаќ (или 5 брикети смрзнат)
Малку ѓумбир
Една лажица чиа семе
Подготовка:
Сите состојки измешајте ги во блендер. Во добиеното смути додадете една лажица чиа семе. Испијте по 10-15 минути.