„Зелена дозвола“ за вакцинираните во Израел

од Берта Китинска
224 прегледи

Израел планира да укине одредени деловни мерки во недела и повторно да отвори хотели и спортски сали за оние кои ги примиле двете дози на вакцина или се сметаат за имуни по закрепнувањето од вирусот, соопшти владата.

Со скоро 43 проценти од граѓаните кои примаат барем една доза вакцина Фајзер, Израел продолжи постепено да ги олеснува мерките за затворање на 27 декември, пренесува Ројтерс.

Трговските центри, пазарите на отворено, библиотеките и музеите ќе можат повторно да се отворат во недела, објави во понеделникот кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Исто така во неделата, на Израелците кои поседуваат „зелена лиценца“ – потврда за претпоставен имунитет на вирусот корона, прикажана во апликација на израелското Министерство за здравство, ќе им биде дозволен влез во спортски сали и хотели, се вели во соопштението.

Официјалните лица првично планираа да започнат систем „зелена дозвола“ на 23 февруари.

Израел е на пат да целосно вакцинира 30 проценти од своите девет милиони жители овој месец со обете дози на вакцината Фајзер, мерка за прелиминарно олеснување на ограничувањата. Тој се надева дека следниот месец ќе вакцинира 50 проценти од населението и ќе овозможи дополнително намалување на ограничувањата.

Слични содржини