Зелените картони кренати „за“ минималната плата: „Трудот на работниците мора да се вреднува“

од Берта Китинска

Пратениците го изгласаа законот за минимална плата, веќе со мартовската плата ќе можат да го зголемат својот домашен буџет за најмалку 45 евра месечно.

-Минималната плата од 18.000 денари ќе придонесе кон подигнување на животниот стандард што е наша врвна цел, напиша премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук-профил.

Тој напомена дека сега веќе ќе може платите да растат без дополнителна интервенција, ќе се подига квалитетот на живот на граѓаните и во иднина.

Пратеникот Мартин Костовски од СДСМ на фејсбук објави фотографија под која напиша:

„Ги изгласавме измените во Законот за минимална плата.Плата од 18.000 денари, усогласена по нови поповолни критериуми:50% од годишниот раст на просечната плата, 50% од растот на трошоците за живот, согласно податоците од ДЗС,минималната плата не пониска од 57% од просечната плата објавена од ДЗС, за претходната година. Носиме системски решенија од кои придобивка имаат граѓаните.Мартовската минимална плата на 80000 работници ќе биде зголемена Трудот на работниците мора да се вреднува.СДСМ е секогаш на страна на своите граѓани, поддршка за својот народ“ .

Слични содржини