134
Планирано е украинскиот претседател Владимир Зеленски во среда, на 5 април, да ја посети Полска, соопшти денеска Марчин Пржидач, советник на полскиот претседател за надворешни работи.
Пржидач изјави за приватното радио RMF дека Зеленски ќе ја посети Полска на покана на претседателот Анджеј Дуда и дека двајцата претседатели ќе разговараат не само за безбедносната ситуација, туку и за економската и политичката поддршка, пренесе „Ројтерс“.
Зеленски последен пат се сретна со својот полски колега во декември 2022 година на враќање од посетата на САД.