Зеленски: Ако САД ја скратат помошта, ќе изгубиме

од Nikola Popovski
52 прегледи

Ако САД престанат да го поддржуваат Киев, Украина ќе ја загуби војната против Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во интервју за „Фокс њуз“, тој рече дека, иако Украина има сопствено производство на оружје, тоа не е доволно и дека Киев ќе продолжи да се бори без оглед на одлуката на САД.

„Ако ја скратат (помошта), мислам дека ќе изгубиме. Имаме производство, но тоа не е доволно за да победиме. И мислам дека не е доволно за да се преживее“, рече тој.

Се огласија и од официјален Кремљ.

„Западните политичари се уште се обидуваат да ја искористат Украина како алатка за да и нанесат стратешки пораз на Русија“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со наводната дозвола на Вашингтон за Киев да користи американско ракетно оружје со долг дострел за напади на руска територија.

Песков рече дека специјалната телефонска линија, која беше воспоставена за комуникација меѓу Москва и Вашингтон по кубанската ракетна криза, во моментов не е во употреба.

„Имаме посебна безбедна линија за комуникација меѓу двајцата претседатели на Русија и САД. Дури и за видео комуникација“, рече Песков за РИА Новости.

Руските дипломати предупредуваат дека сегашната криза меѓу Москва и Вашингтон може да се спореди со кубанската нуклеарна криза во 1962 година, пренесува Ројтерс.

Слични содржини