Ако Доналд Трамп знае како да ја заврши војната во Украина, не треба да го чека исходот од ноемвриските претседателски избори за да ги открие деталите, треба да каже уште денес, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, за телевизијата „Блумберг“.
„Ако Трамп знае како да стави крај на оваа војна, треба да ни каже денес. Затоа што ако има ризици за независноста на Украина, ако има ризици да ја изгубиме нашата државност, сакаме да бидеме подготвени за тоа“, изјави Зеленски за телевизија „Блумберг“.
„Како новоизбран претседател, ќе ја решам војната меѓу Путин и Зеленски пред да ја преземам функцијата на 20 јануари“, рече поранешниот претседател Трамп за време на минатонеделното телевизиско интервју со актуелниот претседател Џозеф Бајден, пренесува порталот Политико.
Иако републиканскиот претседателски кандидат не ги откри јавно своите планови за Украина.
Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со Трамп и неговиот тим и да ги сослуша нивните предлози.