301
Американските тенкови Амбрас пристигнаа во Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Добри вести од министерот (за одбрана) Умеров. Тенковите на Абрамс се веќе во Украина и се подготвуваат да ги засилат нашите единици“, објави Зеленски на својот канал Телеграм, пренесува Ројтерс.
Американскиот претседател Џозеф Бајден минатата недела изјави дека првите американски тенкови од типот Абрамс ќе и бидат доставени на Украина оваа недела.