Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше „Амнести интернешнл“, која, како што вели, „молчи за нуклеарниот терор на руската армија“.
„За жал, имаме значително влошување на ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје. Руските терористи станаа првите во светот што ја искористија најголемата нуклеарна централа во Европа за терор. Го свртуваме вниманието на светот на ова и ќе инсистираме на нови санкции против Русија поради создавање глобална закана“, рече Зеленски синоќа, пренесе Украинска Правда.
Тој додаде дека, и покрај фактот што руското гранатирање на нуклеарната централа е „едно од најопасните злосторства против Украинците и сите Европејци, поради некоја причина нема извештај, дури ни порака од „Амнести интернешнл“ за тоа“.
„Амнести“ во четвртокот соопшти дека украинската армија „го загрозува цивилното население со создавање бази и поставување оружје во училиштата и болниците“.
Оксана Покалчук, шеф на канцеларијата на „Амнести“ во Украина, поднесе оставка во саботата по поднесувањето на извештајот.