252
Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја обвини Амнести интернешенел (АИ) за „обид да ѝ даде амнестија на терористичката држава“ Русија, откако невладината организација го обвини Киев дека ги загрозува цивилите во војната со Москва.
„АИ ја префрла одговорноста од агресорот на жртвата“, рече тој, додека шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба рече дека е „огорчен“ од „неправедните“ обвинувања на невладината организација.
Во извештајот објавен во четвртокот по четиримесечна истрага, АИ ја обвини војската на Украина за поставување воени бази во училишта и болници и започнување напади од населени области, тактики за кои рече дека го прекршуваат меѓународното хуманитарно право.