Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по масовниот воздушен напад утринава од страна на руската армија врз енергетската инфраструктура на Украина, дека целосната заштита на украинското небо мора да стане норма и дека на земјата и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана.
Како што наведе, партнерите знаат што е потребно за ова – дополнителни „Патриот“ и други системи за ПВО за Украина, како и забрзување на испораките на авиони Ф-16 за Украина.
„Само кога (рускиот претседател Владимир) Путин нема способност да гаѓа цивили и цивилна инфраструктура, ќе биде принуден да го запре својот терор“, напиша Зеленски на мрежата Х.