Зеленски: Делегациите за преговори ќе се сретнат на украинско-белоруската граница

од Nikola Popovski
194 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, даде изјава по разговорот со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во која посочи дека се договориле делегациите за преговори да се сретнат на границата меѓу Украина и Белорусија.

„Се договоривме украинската делегација да се сретне со руската делегација без предуслови на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат“, се вели во соопштението.

Според Зеленски, Лукашенко ја презел одговорноста за безбедноста на украинската делегација за време на преговорите.

„Александар Лукашенко ја презеде одговорноста да обезбеди авиони, хеликоптери и ракети стационирани на територијата на Белорусија да останат на теренот за време на патувањето, разговорите и враќањето на украинската делегација“, рече Зеленски.

Тој пред разговорите со Лукашенко изјави дека нема да се сретне со руската делегација на територијата на Белорусија бидејќи руската инвазија е иницирана делумно од Белорусија.

Ниту Русија, ниту Белорусија не дадоа никакви изјави за потенцијалните преговори.