Зеленски до лидерите на ЕУ: „Овој ден ќе остане запишан во историјата, барам само една работа“

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика лидерите на земјите-членки на ЕУ да ги отворат пристапните преговори со неговата земја и да не дозволат рускиот претседател да има „задоволна насмевка“ по самитот.

„Барам од вас само една работа, не го изневерувајте народот и неговата верба во Европа“, им порача Зеленски на лидерите на ЕУ, обраќајќи им се преку видео врска.

Лидерите на земјите членки на ЕУ се собраа на дводневен самит на кој главни теми беа проширувањето и ревизијата на седумгодишниот буџет. Двете теми директно се однесуваат на Украина. Киев очекува зелено светло за почеток на пристапните преговори и договор за буџетот, кој предвидува пакет за Украина од 50 милијарди евра.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е против отворање на преговорите, а за буџетот не е толку експлицитен.

„Денес е денот кога ќе имаме одлучност или во Брисел или во Москва. Луѓето во Европа нема да разберат ако задоволната насмевка на Путин стане награда за самитот во Брисел“, рече Зеленски.

Тој додаде дека денеска е посебен ден кој ќе биде запишан во историјата, или по добро или по лошо.

Нагласи дека рускиот претседател годинава не остварил никакви придобивки, ниту на бојното поле во Украина, ниту во напорите да ги подели и ослабне Европејците.

„Народот во Европа нема да има никаква корист ако Москва го добие нејзиниот негативен став кон Украина. Путин сигурно ќе го искористи тоа против вас лично и против цела Европа. Не му ја давајте оваа прва – и единствена – победа во оваа година“, рече Зеленски.

Затоа, тој побара лидерите сега да одобрат отворање на пристапните преговори, а во март следната година да ја одобрат преговарачката рамка за Украина.

Слични содржини