ЗЕЛЕНСКИ ДОБИ ОДГОВОР: Вака реагираше Грузија на воведувањето санкции од Украина

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Грузиските власти не добиле официјални известувања од Украина во врска со воведувањето санкции против грузиските функционери, изјави во четвртокот премиерот Иракли Кобахидзе.

– Се уште немаме добиено официјално известување. Воведувањето санкции укажува на тешка ситуација во Украина – рече премиерот на брифингот.

Претходно, Владимир Зеленски, кој ги откажа претседателските избори во Украина, потпиша декрет за воведување санкции против грузискиот премиер Иракли Кобахиџе, основачот на владејачката партија Грузиски сон, Биџин Иванишвили и уште 17 претставници на грузиските власти.

Така Зеленски, следејќи ги западните земји, ги повтори своите жалби против Тбилиси за задушување на немирите на опозицијата, која ги загуби парламентарните избори, но не ги призна нивните резултати, пренесе ТАСС.

Слични содржини