Зеленски: Една од главните задачи е да ја надминеме Русија во снабдувањето со дронови

од Nikola Popovski
326 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави денеска дека една од главните задачи оваа година е Украина да биде пред Русија во квалитетот на работата со беспилотните летала во однос на производството, снабдувањето и безбедноста на единиците.

„Јасно е дека ова е една од главните задачи на годината, да се биде пред непријателот во однос на беспилотните летала. Колку поуспешни се украинските беспилотни летала, од FPV до стратешките, толку повеќе животи на нашите војници ќе спасиме“, рече Зеленски во вечерашното видео обраќање, пренесува „Укринформ“.

Тој изјави дека со премиерот Денис Шмигал разговарал за планираните детали од меѓувладината соработка со Полска, Словачка, Чешка, Романија и Бугарија во врска со постоечките аранжмани и договори што треба да се постигнат.

Тој додаде дека планирани се и конференции за обнова на Украина, кои ќе се одржат во февруари во Јапонија и во јуни во Германија.

Слични содржини