122
Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја повика Европа да одговори на руската „гасна војна“ со зголемување на санкциите против Москва.
„Уценувањето на Европа со гас, кое само се влошува секој месец, ѝ е потребно на една терористичка држава за да го влоши животот на секој Европеец. И ова всушност може да се сфати како поттик осмиот пакет санкции на ЕУ да биде значително посилен од претходните седум неодамна беа одобрени“, нагласи Зеленски.
Украинскиот претседател оцени дека има нови закани со гас за Европа и изјави дека Русија нема да продолжи да испорачува гас за европските земји, иако е обврзана со договор, пренесува „Гардијан“.