Зеленски: Европа мора да развие заедничко производство на оружје за да го зачува континентот

од Nikola Popovski

Војната во Украина покажа дека Европа мора да развие заедничко производство на оружје за да се осигура дека континентот може да се „зачува“ во секоја глобална ситуација што може да се појави, изјавил украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Двете години од оваа војна докажаа дека на Европа ѝ треба сопствен арсенал и свои способности за да обезбеди одбрана и слобода“, рекол Зеленски на конференција во Шведска преку видео-врска.

Претседателот на Украина додал дека Русија може да биде поразена и дека ситуацијата на фронтот е моментално стабилна за украинските сили, пренесува Ројтерс.

„Дури и Русија може да се врати назад во рамките на меѓународното право и да се победи нејзината агресија“, заклучил украинскиот лидер.

Слични содржини