Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика Европа да „одмазди“ на „гасната војна“ што Русија ја води со зајакнување на европските санкции против Москва.
„Денес слушнавме нови закани со гас за Европа. „И покрај отстапките во врска со турбината „Северен тек“, Русија нема да продолжи да ги снабдува европските земји со гас како што се бара со договорот“, рече Зеленски во своето секојдневно видео обраќање, коментирајќи ја најавата на „Газпром“ за ново драстично намалување на испораката на гас во Европа.
Тој се осврна на фактот дека Русија веќе двапати ги прекинала испораките на гас за Европа во јуни, наведувајќи дека гасоводот „Северен тек 1“ не може да функционира нормално без турбината, која беше на поправка во Канада и не беше вратена во Русија поради Западните санкции против неа.
Во меѓувреме, Германија и Канада се договорија да ја вратат турбината во Русија, но таа се уште не е испорачана.
„Тоа е отворена гасна војна што Русија ја води против обединета Европа. Не им е гајле што ќе биде со народот, како ќе страда, од глад поради блокадата на пристаништето, од зимскиот студ и сиромаштијата… или од окупацијата. Тоа се само различни форми на терор“, рече украинскиот претседател.