Зеленски ги посети граничните службеници во регионот Волин

од Stefanija Kuzmanovska
131 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска го посети регионот Волин во Украина, кој граничи со Белорусија и Полска, каде ја пофали работата на граничната стража.

Во видеото објавено на платформата Телеграм, на кое се гледа како Зеленски се среќава и разговара со граничарите, тој вели дека е „почестен“ што може во живо да им се заблагодари на граничарите кои ја чуваат земјата.

„Има многу важни прашања, опремувањето и заштитата на државната граница, социо-економската и актуелната безбедносна состојба во регионот, уредувањето и воспоставувањето на граничната инфраструктура“, рече Зеленски во разговорот со граничните претставници.

Слични содржини