Зеленски ги повика САД да го направи со Кадиров она што го направи со Мадуро, чеченскиот лидер му одговори

Тој верува дека соборувањето на Кадиров би го принудило рускиот претседател Владимир Путин да „размисли двапати“ за руската агресија во Украина.

од Vladimir Zorba
23 прегледи Фото: Социјални мрежи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека САД треба да спроведат операција против чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, слична на онаа што ја спроведоа против венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Апсењето на Мадуро е индикација за него дека Америка има моќ да влијае врз Русија ако навистина сака. Тој верува дека соборувањето на Кадиров би го принудило рускиот претседател Владимир Путин да „размисли двапати“ за руската агресија во Украина.

„Тие треба да извршат притисок врз Русија. Тие имаат алатки, знаат како. Кога навистина сакаат, можат да ги најдат. Еве еден пример со Мадуро. Тие спроведоа операција. Секој може да го види резултатот, целиот свет може да го види. Го направија тоа брзо. Нека спроведат некаков вид операција против него, како се вика – Кадиров“, нагласи Зеленски.

Кадиров одговори преку апликацијата Телеграм, истакнувајќи дека Зеленски „кукавички навестил дека нема да му пречи да се тргне настрана и да гледа од безбедно растојание како некој друг го казнува неговиот противник“.

„Зачувајте го вашиот образ и не се понижувајте. Да имавте барем малку машкост во вас, ќе разберевте колку понижувачки звучат вашите зборови и барања“, додаде чеченскиот лидер.

Часови по апсењето на Мадуро, Зеленски се пошегува дека Путин треба да биде следен. Како што рече, ако Америка може да им го направи тоа на диктаторите, тогаш знае што да прави следно.