Зеленски го честиташе Велигден: „Пред една година се молевме Украина да издржи, денес – да победи“

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Пред една година на денешен ден сите се молевме Украина да издржи. Денеска – Украина да победи, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата велигденска честитка.

Зеленски изјавил дека Украинците го дочекуваат Велигден со непоколеблива вера во неповратноста на победата на добрината, вистината и животот, пренесe Интерфакс Украина.

Според Зеленски, Украина „веќе измина долг пат до победата“.

„Можеби најтешкиот врв е пред нас. Ќе го надминеме“, рече украинскиот претседател.

Според Зеленски, „сино-жолтото национално знаме ќе биде подигнато на сите територии кои се привремено окупирани од руските сили“.

Слични содржини