Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го покани американскиот милијардер и сопственик на Твитер, Елон Маск, да ја посети Украина.
Претседателот на Украина истакна дека по посетата, бизнисменот ќе може да каже „како да се заврши оваа војна, кој ја започна“, а потоа да предложи како да се прекинат непријателствата.
„Ако господинот Маск сака да разбере што направи Русија овде, нека дојде во Украина и нека го види тоа со свои очи. После тоа, ќе ни кажете како да ја завршиме оваа војна, кој ја започна и кога можеме да ја завршиме“, рече Зеленски преку видео врска како гостин на конференцијата во „Њујорк Тајмс“, пренесе „Танјуг“.
Се прецизира дека после тоа била прекината видео-врската со Зеленски.
Весникот додава дека Маск, кој во првите денови од војната ја поддржувал Украина со обезбедување на сателитски интернет Starlink, на 222-от ден по рускиот напад и предложил на Украина да капитулира.
На 3 октомври на Твитер, Маск ја претстави својата визија за условите за постигнување мир во Украина. Според него, повторното одржување на референдумот во новите региони на Руската Федерација под надзор на ОН може да биде решение за конфликтот меѓу Русија и Украина. Во исто време, Маск истакна дека Украина може да стане неутрална земја. Сопственикот на Твитер направи анкета на социјалните мрежи за односот кон неговите идеи.
Во Киев, предлозите на Маск беа негативно оценети, Зеленски ја започна својата анкета за да открие „кој Маск повеќе ви се допаѓа“ – тој што ја поддржува Украина или Русија, според ТАСС.
Во исто време, Украина користи сателитски комуникации Starlink и смета на нови испораки на опрема.