Зеленски го посети Меѓународниот кривичен суд кој издаде налог за апсење на Путин

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска го посети Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, кој во март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради сомневање дека е одговорен за депортација на деца од Украина.

Зеленски беше пречекан од претседателот на судот Пјотр Хофмански, пренесува „Ројтерс“.

Тој се сретна со холандските пратеници, а подоцна ќе има средби и со холандскиот премиер Марк Руте и со белгискиот премиер Александре де Кро.

Слични содржини