Зеленски го разреши командантот на единицата за специјални операции на армијата на Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го разреши командантот на единицата за специјални операции на Вооружените сили на Украина, Григориј Галаган.

„Го разрешувам Григориј Анатолиевич Галаган од функцијата командант на специјалната единица на вооружените сили на Украина“, се наведува во указот објавен на веб-страницата на украинскиот претседател, пренесува Тасс.

Во друг указ, кој е објавен на истата веб-страница, се наведува дека нов командант на единицата за специјални операции ќе биде Виктор Хоренко.

Генерал-мајор Григориј Галаган беше назначен за командант на единицата за специјални операции во август 2020 година. Од 2014 до 2019 година учествувал во воени операции во Донбас.

Слични содржини