Зеленски го смени командантот на Украинските сили за територијална одбрана

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го смени командантот на Украинските сили за територијална одбрана, кои играат важна улога во одбраната на земјата од почетокот на рускиот напад врз таа земја.

Во претседателската наредба, која беше објавена денеска, за нов командант е назначен генерал-мајор Анатолиј Бархилевич, пренесе „Ројтерс“.

Со посебна наредба беше објавено разрешување на генералот Ихор Танчур, кој беше на таа функција од мај 2022 година.

Слични содржини