195
Украинскиот претседател Владимир Зеленски разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден по разговорите со лидерите на Турција и Франција, Реџеп Тајип Ердоган и Емануел Макрон, истиот ден.
„Постојано работиме со партнерите“, рече Зеленски во ноќното видео-обраќање, велејќи дека очекува некои „важни резултати“ следната недела по серијата меѓународни состаноци за справување со ситуацијата во Украина, објави „Ројтерс“.
„Средбата на Г7 ќе се одржи денеска и Украина ќе учествува, а ние штотуку ги договоривме нашите ставови со САД“, соопшти украинскиот претседател по разговорот со Бајден.