Зеленски: И кога нема руски ракетни напади, ни го уништуваат енергетскиот систем

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека дури и кога нема руски ракетни напади, постојат други видови гранатирање и напади со беспилотни летала кои го уништуваат украинскиот енергетски систем.

Тој изјави дека најлоша ситуација со прекини на електрична енергија е во областите на Лавов, Виница, Киев, Тернопиљ, Суми, Закарпатија, Житомир, Хмелницки и Киев.

„Едно мора да биде јасно – дури и да нема масовни ракетни напади, тоа не значи дека нема проблеми. Речиси секој ден во различни региони има гранатирање, има ракетни напади, напади со беспилотни летала. Енергетските капацитети се погодени речиси секој ден“, рече Зеленски, пренесува „Украинска правда“.

Слични содржини