Зеленски и Лејен разговараа за обезбедување на енергетската стабилност на Украина

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, за соработка во обезбедувањето енергетска стабилност на неговата земја.

Зеленски го напиша ова на својот Твитер профил, но не наведе други детали, пренесе Ројтерс.

Украинскиот претседател рече дека се заблагодарил на фон дер Лејен што почнала да работи на новиот пакет санкции против Русија.

Слични содржини