Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска се обрати пред парламентот на Врховната Рада со пораки поврзани со внатрешната и надворешната политика, пренесува „Украинска Правда“.
Во обраќањето кое траеше 52 минути, Зеленски истакна дека иднината ќе биде украинска.
Украина, додаде тој, стана еден од лидерите на слободниот свет и му помогна на Западот повторно да се најде себеси.
„Западот повеќе не се плаши од Русија“, подвлече тој.
"The future will be Ukrainian!" – President @ZelenskyyUa addressed Ukrainian Parliament today. pic.twitter.com/ZGjG7LX4iR
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 28, 2022
Исто така рече дека украинскиот воено-индустриски комплекс ќе биде еден од најпрогресивните, а целта е да се врати територијалниот интегритет на Украина и да се ослободат сите оние кои сега се во заробеништво. Од почетокот на војната, Украина успеа да ослободи 1.456 луѓе.
Зеленски истакна и дека обновата на Украина по војната ќе биде најголемиот економски проект во Европа. Тој побара од пратениците да развијат законска рамка за поттикнување на бизнисот во Украина.
Претседателот на Украина додаде дека милиони Украинци во странство не треба да станат бегалци и дека вреди да се вратат оние што заминале.