Зеленски им го одзема украинското државјанство на четворица политичари

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски им го одзема украинското државјанство на четворица политичари, меѓу кои и Виктор Медведчук, кој минатата година беше префрлен во Русија како дел од договорот за размена на затвореници.

„Одлучив да им го одземам државјанството на четири лица: Андриј Леонидович Деркач, Тарас Романович Козак, Ренат Равелиович Кузмин и Виктор Володимирович Медведчук. Доколку претставниците на народот изберат да не му служат на народот на Украина, туку на убијците кои дојдоа во Украина, нашите постапки ќе бидат соодветни“, рече Зеленски во ноќното видео обраќање.

Медведчук, опишан од „Ројтерс“ како близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, ја водеше забранетата проруска опозициска партија Платформа за живот во Украина и се соочи со обвиненија за предавство пред да биде префрлен во Москва во септември 2022 година.

Слични содржини