Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на САД за очекуваниот пакет помош од 33 милијарди долари.
Тој огромен пакет помош ќе направи голема разлика кога станува збор за борбените способности на Украина, изјави Зеленски во видео обраќањето до нацијата, пренесе Би-Би-Си.
Претседателот на Украина му се заблагодари на американскиот народ и на претседателот Бајден и се согласи со оценката на американскиот лидер дека пакетот „не доаѓа евтино“, но дека е неопходен за да се запре руската агресија.