Руските напади се насочени кон енергетската инфраструктура низ целата земја, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Тој излезе на улиците на Киев по серијата експлозии што утрово го потресоа главниот град, но и многу други градови.
Зеленски рече дека се погодени енергетските капацитети во Киев, Лавов, Дњепар, Виница, Запорожје, Харков и други региони.
„Тие сакаат паника и хаос, сакаат да ни го уништат енергетскиот систем. Тие се безнадежни“, рече Зеленски во објава на социјалните мрежи.
Украинскиот лидер потоа додаде дека втората цел се луѓето.
„Такво време и такви цели беа специјално избрани за да предизвикаат што поголема штета“, рече Зеленски и ги повика луѓето да останат во засолништата.
Зеленски се снимал на улица во Киев, што го видовме и неколку пати на почетокот на војната.