Зеленски изнесе шокантни податоци: Во Украина убиени околу 20.000 Вагнерци

од Nikola Popovski
241 прегледи

Најмалку 21.000 членови на приватната руска воена група Вагнер се убиени во борбите во источна Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинскиот лидер тврди дека Вагнер претрпел огромни загуби, особено на истокот на Украина, пренесува Си-Ен-Ен.

„Само на истокот на Украина, нашите војници убиле 21.000 Вагнеровци“, рече Зеленски вчера во Киев, проценувајќи дека се ранети 80.000 членови на групата.

Зеленски истакна дека борците на Вагнер се мотивирани и дека тие се главно осуденици кои „немале што да загубат“.

Слични содржини