593
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ја обвини Кина дека и помага на Русија да ја попречи претстојната мировна конференција во Швајцарија за да се стави крај на конфликтот околу Украина.
На прес-конференција на форумот за одбрана Шангри-Ла во Сингапур, Зеленски рече дека Кина врши притисок врз другите земји и нивните лидери да не присуствуваат на претстојната конференција, пренесе АП.
„Русија, користејќи го кинеското влијание во регионот, користејќи кинески дипломати, прави се за да ја наруши мировната конференција“, рече тој.