Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој официјално ги забрани преговорите со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека украинската страна е заинтересирана Кина да учествува на „мировниот самит“ за решавање на конфликтот во Украина според киевската „мировна формула“.
„Во однос на листата на земји (учесници на мировниот самит) – отворени сме за сите земји во светот кои го почитуваат нашиот суверенитет и територијален интегритет.
Би сакале да присуствуваат земји од глобалниот југ. Многу е важно лидерите на сите земји да присуствуваат на самитот. Кина игра голема улога во светот и навистина би сакале Кина да биде вклучена во ‘мировната формула’ и самитот“, наведе Зеленски на прес-конференцијата со претседателот на Швајцарија.
Украинскиот претседател побара од Швајцарија да организира мировен самит за Украина, изјави швајцарската претседателка Виола Амхерд.
„Зеленски ме праша дали Швајцарија би сакала да организира мировен самит на високо ниво и јас потврдив дека сме подготвени да организираме конференција“, истакнала Амхерд на прес-конференцијата во Берн.