Зеленски: Крим мора да ѝ се врати на Украина преку дипломатски пат

од Nikola Popovski
45 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Крим, полуостров анектиран од Русија во 2014 година, ќе мора да ѝ биде вратен на Украина преку дипломатски пат а не преку воена сила.

Во интервју за „Фокс њуз“, снимено во Украина додека бил во воз, Зеленски нагласил дека Украина не може да си дозволи да изгуби толку многу животи што би биле потребни за воена опсада на Крим.

„Веќе спомнав дека сме подготвени дипломатски да го вратиме Крим“, рекол Зеленски и додал дека Украина „не може законски да признае кој било окупиран дел од Украина како руски“.

Слични содржини