56
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека би сакал да види конкретни дипломатски чекори за постигнување мирно решение на војната во Украина, но дека тоа не треба да биде на сметка на 30 отсто од украинските територии.
Зеленски за индиските медиуми изјави дека крајот на војната во Украина е можен само доколку се врати територијалниот интегритет на Украина.
Според неговите зборови, мировниот договор не смее да биде постигнат на сметка на украинското население, пренесе Укринформ.