Зеленски му даде одврзани раце на генералот, украинската армија пред голема промена

од Vladimir Zorba
332 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, има „карт бланш“ за сите кадровски промени во армијата и во штабот.

Зеленски во видеообраќање рече дека на почетокот на следната недела, кога Сирски ќе се врати од линијата на фронтот, од него очекува конкретни предлози за натамошни промени во армијата и планираните акции, пишува Украинска Правда.

„Сите украински команданти мора да го знаат фронтот, да го почувствуваат фронтот, вистинските потреби, тие навистина мора да бидат со војниците, наредниците, да бидат такви какви што треба да бидат за да се постигнат украинските цели“, посочи Зеленски.

Сирски во саботата најави кадровски промени кај командантите на бригадите чии постапки, според него, претставуваат закана за животот и здравјето на подредените.

Слични содржини